понеделник, 16. мај 2022. Вести денес: 116
home Кошарка

Јакимовски играч на натпреварот во кошаркарскиот тим на Вашингтон Стејт Универзитетот

Јакимовски играч на натпреварот во кошаркарскиот тим на Вашингтон Стејт Универзитетот

Mакедонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, синоќа беше главен играч на Вашингтон Стејт Универзитетот во дуелот со Калифорнија.

Јакимовски ја продолжи одличната серија во играта од последните неколку натпревари, а на синоќешниот натпревар беше прогласен за играч на мечот постигнувајќи четири тројки за негов рекорд на сезоната.

Тимот на Андреј, Вашингтон Стејт „Кугарс“ (WSU) победи со резултат 65:57, а голем придонес во победата имаше нашиот млад кошаркар, кој беше прогласен за играч на мечот, поради постигнати речиси четвртина од поените на WSU, вкупно 16.

Јакимовски беше прв стрелец во тимот и постави личен рекорд оваа сезона. Освен тоа, додаде уште седум скока за да го комплетира одличниот впечаток и една асистенција,а имаше стопроцентен учинок од линијата за слободни фрлања,од каде реализираше две од две фрлања, во вкупно 30 минути игра на паркетот.

За Вашингтон Стејт ова е десетта победа во 17-от натпревар оваа сезона.

Коронавирус