вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 6
home Кошарка

Ја викал „Мамбасита“, пораснала со него, а родена е неколку часа разлика со ќерката на Шек

Ја викал „Мамбасита“, пораснала со него, а родена е неколку часа разлика со ќерката на Шек

Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.

Џана Мариа-Оноре Брајант ја викале Џиџи. Таа е второ родена ќерка на Коби, имала 13 години. Порталот TMZ пишуваше дека пред падот на хеликоптерот, тие летале на тренинг во Академијата Мамба (школа за кошарка отворена од Брајант).

Џана Брајант играла кошарка. Татко ѝ верувал цврсто дека таа го наследила неговиот талент и лично ја тренирал. На Инстаграм Коби имаше многу постирани видеа на кои се гледа како тренирал со Џиџи.

 

View this post on Instagram

 

@wnba finals rematch got us hype! A lil one on one with my baby Gigi #footwork #stringmusic #mambacita

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Брајант ѝ објаснувал не само технички работи на теренот, но и самата суштина на кошарката. Еден од најубавите моменти се случи во декември лани, кога Коби и Џиџи од прв ред го следеа мечот меѓу Атланта Хокс и Бруклин:

Коби работел многу трпеливо со својата ќеркичка. Еден од неговите последни постови на инстаграм беше одлична игра на Џиџи во една акција на паркетот:

„Џиџи станува сè подобра секој ден“, пиша Брајант.

 

View this post on Instagram

 

Gigi getting better every day #teammamba #mambacita #fade

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Во мај 2019 година Коби Брајант кажал дека Џиџи сака да игра за тимот на универзитетот Конектикат кој е предводен од легендарниот тренер Џино Орим. Нејзиниот татко беше еден од ретките кои директно од средно школо, поради чудесниот талент, отиде во НБА скокнувајќи го Колеџот.

Една од најжалните исповеди ги имаше Шекил О’Нил, кој во краток временски интервал напиша неколку твита, од кои едниот беше потресен:

За жал, на Џиџи не и било судено во иднина да заигра за универзитетот Конектиктат.

Коронавирус