Македонската кошаркарска репрезентација не е без шанси на денешниот меч против Италија,
Денешниот дуел нема никакво значење за италијанската репрезентација и тој е последен за неа во овој квалификациски циклус за Европското првенство. Селекторот на Италија Сакети одлучи да замени двајца важни кошаркари во својот состав.
Едниот од нив е Амедео Теситори, најдобар стрелец во противничката репрезентацијакој во четвртокот со 18 поени од кои дури десет во последната четвртина кога Италијанците го направија пресвртот и стигнаа до победата.
Вториот играч е Амедео Дела Вале кој во четвртокот одигра 12 минути и постигна осум поени.
На нивно место ќе заиграат Симоне Ѕаноти и Микеле Витали кои не играа на првиот натпревар против Македонија, односно не беа воопшто во протоколот.
Мечот во Перм помежу двете репрезентации започнува од 13 часот.