вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 210
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Кошарка

Ирвинг нема да се вакцинира, тренерот Неш најави што ќе се случува со ѕвездата на Нетс

Ирвинг нема да се вакцинира, тренерот Неш најави што ќе се случува со ѕвездата на Нетс

Кајри Ирвинг и натаму одбива да се вакцинира и не сака да зборува на оваа тема со новинарите, а тоа го става неговиот тим Бруклин во незгодна ситуација.

Ирвинг доби дозвола да тренира бидејќи државата Њујорк го препознава тренинг центарот на Нетс како приватна сопственост, но тоа не важи за арената каде се играат натпреварите. Таму може да влезат лица со барем една примена вакцина.

Тренерот Стив Неш во својата последна изјава навести дека клубот нема друго решение и Ирвинг ќе игра само на гостувањата.

– Мислам дека веќе ни е јасно дека Ирвинг нема да игра на натпреварите на домашен терен.

– Ќе мора да играме без него сезонава, прашање е само колку натпревари ќе бидат во прашање, – изјавил Неш.

Доколку вакцината е единствена причина да не настапува, Ирвинг ќе пропушти најмалку 45 натпревари во регуларниот дел, вклучувајќи ги двата дуели против Њујорк, односно гостувањата во Сан Франциско и Лос Анџелес поради сличните правила во Калифорнија.

Бруклин ќе ја започне новата сезона на 19. октомври во дуел со шампионот Милвоки Бакс.

Локални избори 2021