среда, 18. јули 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

Ирвинг ја заврши сезоната

Ирвинг ја заврши сезоната

Најдобриот кошаркар на Бостон селтикс, Кајри Ирвинг, ќе го пропушти остатокот од сезоната, потврдија од клубот.

Ирвинг на 24 март го оперирал коленото, но по дополнителните лекарски прегледи било утврдено дека се уште не е подготвен да се врати на паркетот.

Неговото отсуство претставува сериозен проблем за Бостон бидејќи во просек постигнуваше по 24,4 поени, 5,1 асистенција и 3,8 скокови.

Тој последниот натпревар го одигра на трети март.