петок, 25. септември 2020. Вести денес: 18
home Кошарка

Хјустон поведе во серијата против Јута, Леброн со нов рекорд во плејофот

Хјустон поведе во серијата против Јута, Леброн со нов рекорд во плејофот

Џејмс Харден постигна 41 поен, а Хјустон ја започна со победа од 110: 96 серијата против Јута од второто коло на НБА плеjофот. „Ракетите“ ќе бидат домаќини и во натпреварот бр. 2.

Играчите од Тексас доминираа од самиот почеток и немаа проблеми откако поведоа со 25 поени разлика уште на полувремето.

Харден и Крис Пол го контролираа темпото, а „џезерите“ беа очигледно уморни од тешкиот меч претходно со Оклахома Сити.

Во второто полувреме гостите се подобрија и намалија на 11 поени, а можеа да се доближат уште, но не успеаjа во напорите, откако Харден повторно ја направи разликата.

Лидерот на Хјустон забележа 7 тројки, а целиот тим беше 17-32 во шутот од далеку, што беше премногу за ривалот.

Донован Мичел и Џеј Краудер постигнаа 21 поен за Јута, кои се надеваат дека ќе можат да одговорат во натпреварот бр. 2.

Во седмиот плеј-оф натпревар меѓу Кливленд и Индијана, Кавалирс стигнаа до победа од 105:101. Финалистите од минатата сезона ја освоија серијата со 4-3 и продолжија во вториот круг, очекувајќи го во полуфиналето на конференцијата број еден тимот од регуларната сезона на Истокот – Торонто Репторс.

Лидерот на тимот, Леброн Џејмс одигра еден од најсилните натпревари во плејофот и заврши со 45 поени, 9 скокови, 7 асистенции и 4 украдени топки.

Супер ѕвездата на домаќините веќе е бр. 1 во историјата на НБА по последниот показател, откако го надмина шесткратниот шампион со Чикаго Булс – Скоти Пипен.

Виктор Оладипо повторно беше најдобар во Индијана и заврши со 30 поени, 12 скокови и 6 асистенции. Дарен Колинс додаде 23 поени, додека Тадиус Јанг 14.

Коронавирус