среда, 26. септември 2018. Вести денес: 102
home Кошарка

Хјустон потпиша четиригодишен договор со Крис Пол

Хјустон потпиша четиригодишен договор со Крис Пол

Плејмејкерот Крис Пол и следните четири години ќе настапува за Хјустон Рокетс, потврди НБА лигашот преку својата официјална веб-страница.

Деталите за новиот договор на 33-годишниот играч не се објавени, но медиумите шпекулираат со износ од 160 милиони долари.

Минатата сезона, Пол постигнуваше во просек по 18,6 поени по натпревар, надополнети со 5,4 скока и 7,9 асистенции.

Пред Хјустон, Пол има играно за ЛА Клиперс и Њу Орлеанс.