недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 77
home Кошарка

Хендрикс ќе настапи за Македонија против Косово и Романија

Хендрикс ќе настапи за Македонија против Косово и Романија

Ричард Хендрикс ќе настапи за македонската кошаркарска репрезентација на престојните натпревари од претквалификациите за ЕП 2021 против Косово и Романија.

Американскиот кошаркар со македонски пасош е играч на францускиот првак Ле Ман, а од денеска ќе му биде на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.

Првиот натпревар се игра на 13 септември против Косово во Приштина, а вториот против Романија е закажан на 16 септември во Скопје. (МИА)