четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 31
home Кошарка

Хедо Туркоглу со поддршка за Антиќ во изборот за претседател на МКФ

Хедо Туркоглу со поддршка за Антиќ во изборот за претседател на МКФ

Македонската кошаркарска федерација по се изгледа ќе добие нов предводник. Поранешниот репрезентативец и европски првак со Олимпијакос и Фенербахче, Перо Антиќ е еден од кандидатите за местото на претседател, а поддршка во изборот добива од неговите кошаркарки пријатели, поранешни сограчи и тренери.

Последен кој му испрати пораки на поддршка на Антиќ е поранешниот турски репрезентативец и НБА-звезда, Хедо Туркоглу. Тој му посака среќа на Перо преку својот Инстаграм профил.