четврток, 15. април 2021. Вести денес: 74
home Кошарка

Грент Хил ќе биде прв човек на американската кошаркарска репрезентација

Грент Хил ќе биде прв човек на американската кошаркарска репрезентација

Некогашниот кошаркар Грент Хил ќе го наследи Џери Коланџело на позицијата прв човек на американската кошаркарска репрезентација.

Главна задача од почетокот ќе му биде да ангажира нов селектор бидејќи Грег Попович најави повлекување од националниот тим по Олимписките Игри во Токио.

Хил играше во НБА лигата 19 години и тоа за екипите на Детроит, Феникс, Орландо и Лос Анџелес Клиперс.

Беше прогласен за дебитант на сезоната, седум пати настапи на Ол – стар натпреварите, а за време на студирањето два пати ја освои шампионската титула во НЦАА.

Коронавирус