сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Градот по кој Коби го доби името, му оддаде почит

Градот по кој Коби го доби името, му оддаде почит

Јапонскиот град Кобе, по кој синот во семејството Брајант го доби(л) името, преку градоначалникот Кизо Хисамото изрази сочувство до семејствот она трагично загинатиот кошаркар:

„Нашиот град имаше среќа да ги вкрсти патиштата со Коби Брајант, конекција поради која во 1998-та година тој не посети и донираше во добротворни цели, а од 2001-та до 2011-та беше наш амбасадор и му зборуваше на светот за нас.

КОби беше интернационален суперстар, кој засекогаш ќе има посебно место во срцата на нашите граѓани. Ја искажуваме нашата благодарност за неговото дело и испраќаме искрено сочувство до неговото семејство.“

Брајант го добил името според еден бифтек што го јаделе неговите родители додека биле во јапонија, кој го носи името на овој град, кој во јапонскиот јазик се чита Кобе, а на англиски (американски) јазик се чита Коби.

Коронавирус