вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 125
home Кошарка

Гостивар подобар од ТФТ

Гостивар подобар од ТФТ

Кошаркарите на Гостивар со триумф го затворија регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига, откако на свој паркет го совладаа ТФТ Скопје по продолжение со 115-109.

Натпреварот тргна со предност на домаќинот, а потоа ТФТ се врати и бргу стекна двоцифрена предност. Сепак, не успеаја да ја задржат, Гостивар намали и по полувремето успеа да поведе со добра серија. Следеше нов пресврт, скопскиот тим повторно успеа да ја врати предноста, го контролираше резултатот, ама попушти во завршните минути.

Во изедначен финиш со повеќе пресврти, дуелот влезе во продолжение. Гостивар беше апсолутно подобар во доигрувањето, наметна темпо и резултатски го контролираше натпреварот.

Александар Тодоровиќ и Александар Костовски го предводеа Гостивар со 28 поени, односно 27 поени, а плејмејкерот имаше и десет асистенции . Кај ТФТ најдобар беше Тајрон Харис со 26 поени, а подели и осум асистенции.

ЕУРО 2020

Македонија