петок, 24. септември 2021. Вести денес: 92
home Кошарка

 „Големите играчи даваат решавачки поени“ – Кари за победничката тројка на Леброн

 „Големите играчи даваат решавачки поени“ – Кари за победничката тројка на Леброн

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, по поразот од Лос Анџелес лејкерс рано утрово во плејин од НБА-лигата, искажа пофални зборови за Леброн Џејмс.

-Големите играчи постигнуваат решавачки поени, истакна Кари.

Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс, на 58 секунди до крајот при резултат 100:100, постигна тројка, токму кога беше чуван од Кари. По овој кош резултатот на семафорот не се смени.

Лејкерс со оваа победа си обезбедија учество во плејофот како седми носител од Западната конференција. (МИА)

Коронавирус