сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 95
home Кошарка

Голден Стејт подобар Денвер, Кари во елемент

Голден Стејт подобар Денвер, Кари во елемент

Екипата на Голден Стејт Вориорс славеше на домашен терен над фаворитот Денвер Нагетс со 118-97.

Стеф Кари мечот заврши со 32 поени , осум скока и три асистенции. Кај поразените најефикасен беше Мајкл Портер Џуниор со 26 поени, а Јокиќ го заврши мечот со 19 поени и по шест скока и асистенции.

Бруклин го совлада Бостон со 109-104. Недоволна за Селтикс беше одличната партија на Џејсон Тејтум кој натпреварот го заврши со 38 поени.

Кај победникот Џо Херис заврши со 20 поени, а еден помалку уфрли Џеф Грин.Во останатите мечеви од синоќешната програма Атланта – Мајами 118-103, Шарлот – Кливленд 108-102, Хјустон – ЛА Клиперс 104-109, Оклахома – Вашингтон 109-129 и Портланд – Мемфис 128-130.

Коронавирус