петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Кошарка

Голден Стејт направи брејк на гостински терен против Бостон Селтикс

Голден Стејт направи брејк на гостински терен против Бостон Селтикс

Екипата на Голден Стејт направи брејк на гостински терен против Бостон Селтикс со и така го изедначи резултатот во финалната серија на 2-2, во најдобар можен момент, пред петтиот натпревар на домашно тло.

Дуелот на двата финалисти беше крајно изедначен. Бостон Селтикс и Голден Стејт понудија одлична кошарка која беше вистинско уживање.

Во првото полувреме „воините“ беа индиспонирани, пред се поради проблемите во играта на Дрејмонд Грин, но во вториот дел гледавме еден поинаков Голден Стејт кој беше повеќе шутерски расположен.

Дуелот се реши во самиот финиш, кога гостинот направи пресврт. Беше 94-90 за Бостон, а потоа на сцена стапи феноменалниот Стеф Кари кој поддржан од Клеј Томпсон донесе пресврт (94-100). На Бостон не му одеше шутот во последните три минути, посебно оној за три, затоа што шутерите промашија четири обида од зад линијата во низа.

Стеф Кари имаше фантастичен натпревар со 43 поени, десет скока и четири асистенции и на листата беше пред Клеј Томпсон со 18 поени. Кај Бостон прво име беше главниот играч Тејтум со 23 поени и 11 скока, поддршка му беа Браун со 21 и Смарт со 18 поени.

Финалната серија продолжува на 14 јуни, во домот на Голден Стејт (03:00 часот по полноќ).

Коронавирус