понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 4
home Кошарка

Голден Стејт лесно до втората победа во финалето од НБА лигата

Голден Стејт лесно до втората победа во финалето од НБА лигата

Кошаркарите на Голден Стејт забележаа убедлива победа со 122:103 ноќеска против Кливленд во големото финале од НБА лигата.

На тој начин актуелниот шампион ја искористи предноста на домашен терен и во вториот меч од завршницата во плејофот и поведе со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Шампионот ги доби втората и последната четвртина со по девет разлика и тоа се покажа недостижно за Кавалирс.

Стеф Кари со 33 поени, осум асистенции и седум скока беше најзаслужен за победата на „воините“.

Во поразениот тим повторно најдобар беше Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект – 29 поени и 13 асистенции, на тоа додаде и девет скока.

Следниот натпревар се игра во Кливленд ноќта меѓу среда и четврток.

МИА