понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 100
home Кошарка

Голден Стејт го предаде тронот, Торонто со историска титула во НБА

Голден Стејт го предаде тронот, Торонто со историска титула во НБА

Кошаркарите на Торонто ја заокружија финалната серија во НБА финалето со гостинска победа кај Голден Стејт (110-114).

Со истата стигнаа до прва титула во својата историја и станаа првата екипа надвор од границите на САД која станала шампион во најсилната лига во светот.

Кајл Лаури со 26 поени беше најзаслужен за големата радост на Репторси кои дури во последните секунди од мечот го обезбедија историскиот трофеј. Со ист учинок заврши и Паскал Сиакам, а МВП играчот на финалето Каваи Ленард постигна 22 поени.

Голем хендикеп за „воините“ беше повредата на расположениот Клеј Томпсон. Тој ги повреди лигаментите на коленото и мораше порано да го заврши натпреварот, иако до тој момент реализира 30 поени.

Ова е последната средба одиграна во „Оракл Арена“, со оглед на тоа што Голден Стејт од наредната сезона ќе се пресели во Сан Франциско.

Извор: gol.mk