петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Кошарка

Ѓоровиќ официјално е селектор на женската репрезентација

Ѓоровиќ официјално е селектор на женската репрезентација

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија, официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за селектор на женската сениорска репрезентација.

Искусниот тренер на Струга 2009, летоска работеше со потенцијалните репрезентативки, а за в понеделник го закажа првиот собир, пред настапот во квалификациите за Европското првенство 2021 година.

На 14 ноември, девојките гостуваат кај Германија, а три дена подоцна во „Јане Сандански“ во Скопје ќе ни гостува Летонија. Тренинзите ќе бидат во големата сала на СРЦ Кале, а Ѓоровиќ повика 18 кандидатки. ј