сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 130
home Кошарка

Гасол: Батлер е еден од најдобрите играчи во светот

Гасол: Батлер е еден од најдобрите играчи во светот

Поранешниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Пау Гасол им оддаде почит на Мајами и Џими Батлер.

-Би сакал одделно да забележам колку сум горд на Џими Батлер. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и одличен лидер! Честитки за Батлер и Мајами за извонредната сезона, објави на Твитер Шпанецот.

Гасол претходно играше со Батлер во Чикаго.

Мајами оваа сезона стигна до финалето во НБА плејофот каде загуби од ЛА лејкерс со 4-2 во серијата која одлучуваше за шампионската титула. (МИА)

Коронавирус