вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 148
home Кошарка

ФОТО: Последните фотографии на Коби со ќерката Џиана

ФОТО: Последните фотографии на Коби со ќерката Џиана

Американски „ТМЗ“ прв ја објави веста за хеликоптерската несреќа во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант, а сега ги објави и последните фотографии на НБА-ѕвездата во друштво на неговата ќерка Џиана која исто така беше на кобниот лет.

Џиана имаше голема кошаркарска пасија. На 13 години играше во академијата на Коби и сонуваше да биде негов наследник. Последните заеднички фотографии им се направени во саботата, на турнир во Таузанд Оукс.

Коби заедно со Џиана и уште шест други патници во неделата наутро патуваа кон Таузанд Оукс, исто така на турнир, но се случи трагедија. Покрај патниците во хеликоптерската несреќа во Калифорнија почина и еден пилот.

Коронавирус