недела, 22. април 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

ФОТО: Перо Антиќ се почести со луксузен спортски автомобил

ФОТО: Перо Антиќ се почести со луксузен спортски автомобил

Најголемата македонска кошаркарска ѕвезда Перо Антиќ, ќе има можност да почувствува адреналинот што го нуди возењето спортски автомобил и да ужива во тоа зад воланот на луксузниот спортски кабриолет, Ferrari California.

Објективот на „Дерби“ го улови новото милениче на Антиќ на словенечка територија, односно во Брежице, натоварено на влечна служба од  Авто мото сојузот на Србија, а неофицијалните информации упатуваат дека возилото било упатено на сервис за претстојната летна сезона, кога 2,11 метри високиот кошаркар ќе може да ужива „со ветар во косата“.

Aтрактивниот спортски кабриолет располага со моќен 4.3 литарски мотор со 8 цилиндри и моќност од 460 коњски сили, а според фабриката има максимална брзина од 315 километри на час.

Повеќе прочитајте на Дерби.мк