понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 58
home Кошарка

ФОТО: Кошаркарска Македонија застана зад Перо Антиќ

ФОТО: Кошаркарска Македонија застана зад Перо Антиќ

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ ја презентира програмата со која ќе води борба за прв човек на Макеоднската кошаркарска федерација (МКФ), а зад него застанаа многу кошаркарски легенди и кошаркарски работници.

Во тимот на некогашниот капитен се легендата Тодор Гечевски и некогашниот кошаркар Владимир Георгиевски, додека на другата страна се Ѓорѓи Чековски, Игор Михајловски и Борис Нешовиќ.

На прес-конференцијата беа присутни и Бали Саити, тим-менаџер на Гостивар и добар пријател на Антиќ, Марин Докузовски, Тони Грнчаров, некогашниот претседател Даниел Димевски, претставници на Карпош Соколи, ТФТ, Благоја Георгиевски – Буштур и останати имиња… Тука беше и Андреј Жерновски, некогашниот прв човек на Општина Центар и спонзор на Работнички.

Изборите за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) се закажани на 15 мај.

Извор: gol.mk