вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 75
home Кошарка

ФОТО: Кошаркарот кој ќе го убиваше Антиќ се врати на паркетот- нема да ви се верува како сега изгледа!

ФОТО: Кошаркарот кој ќе го убиваше Антиќ се врати на паркетот- нема да ви се верува како сега изгледа!

Се сеќавате ли на Софоклис Скорцијанитис, грчкиот репрезентативец со камерунско потекло?

Скорцијанитис е корпулентниот центар на грчката репрезентација, кого убаво го запознавме во 2009 година, кога Македонија и Грција се сретнаа на ЕП во Полска.

Црномурестиот центар отсекогаш имал проблеми со вишокот килограми, но сега ги надминал сите граници. По пауза од две години се вратил на паркетот, во екипата на Трикала и веднаш се издвои од останатите кошаркари.

На „Википедија“ пишува дека има 156 килограми, но делува дека има 200.

Како Скорцијанитис му се закануваше на Перо Антиќ?

Тогашниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација и член на грчки Олимпијакос, Перо Антиќ, доби сериозна закана со смрт од страна на центарот на ривалскиот Панатинаикос, Софоклис Скорцијанитис, кој, според грчките медиуми, бил изнервиран од навредите што, наводно, нашиот кошаркар ги упатил кон неговиот соиграч, Стефан Лазме, за време на финалниот меч од Купот на Грција во Атина пред речиси 5 години.

Кажете му на Антиќ дека е мртов човек. Ќе го убијам!“, била пораката на огромниот центар, кој го има прекарот „Бејби Шек“.

Заканата била испратена преку неговите соиграчи од грчката репрезентација што играат за Олимпијакос.

Перо Антиќ за смртната закана од Скорцијанитис: Му простувам на дебелкото!

Антиќ не се возбуди премногу од смртните закани што денеска ги доби од Софоклис Скорцијанитис, кошаркар на ривалскиот Панатинаикос, барем ако се суди според неговите реакции кои беа искажани преку неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Еден од пријателите на Антиќ преку порака, повеќе на шега, му го побарал телефонскиот број на Скорцијанитис, а капитенот на жолто-црвената селекција му одговорил во ист стил.

„Добар дечко е дебелкото, сѐ му простувам. Нема потреба за возбуда“, прокоментирал центарот на Олимпијакос.

Смртната закана и зборовите на Скорцијанитис „пренесете му на Антиќ дека ќе го убијам“ тогаш ги пренесоа речиси сите грчки медиуми.