Светот се простува од Коби Брајант, кошаркарската легенда која во хеликоптерска несреќа го загуби животот на 41 година.
Многумина не може да веруваат дека Коби повеќе не е жив. Фановите ширум светот носат негови дресови, а еден од јавните личности кој му оддаде почит на „црната мамба“ беше австралискиот тенисер Ник Кирјиос.
Човекот кој е често во центарот на вниманието поради проблемите кои ги прави на терените излезе во Мелбурн да игра со Рафаел Надал, а носеше дрес од Коби Брајант. Пред средбата тој прсна во плач, а моментот го доживеа емотивно и публиката.
Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, заедно со уште седум патници и еден пилот. Меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка Џиџи.
извор: gol.mk