недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

ФОТО: Играчите ќе носат специјални дресови на „Ол-стар“ натпреварот во чест на Коби

ФОТО: Играчите ќе носат специјални дресови на „Ол-стар“ натпреварот во чест на Коби

НБА играчите ќе носат специјални дресови за време на „Ол-стар“ натпреварот во чест на трагично починатата легенда Коби Брајант, неговата ќерка и на уште седуммина жртви на хеликоптерската несреќа, која се случи во неделата во близина на Лос Анџелес, објавија од НБА.

Тимот на Леброн Џејмс ќе игра со број 2, со кој играше Џана Брајант, а екипата на Jaнис Антетокунбо ќе биде со бројот 24 на Коби Брајант.

Покрај тоа, двата тима ќе имаат на своите дресови 9 ѕвезди, колку беа и лицата, кои ги изгубија своите животи во несреќата.

Овогодинешниот „Ол-стар“ ќе се одржи во Чикаго на 16 февруари.

Специјалните дресови ќе ги носат сите учесници на „Ол-стар“ викендот.

Ник Нерс, кој ги изведе Торонто Репторс до титулата во НБА лигата во својата прва сезона на кормилото на тимот, ќе биде тренер на екипата, чиј капитен е Jaнис Антетокунбо. Тој го заменува Мајк Буденхолцер, кој го предводи Милвоки Бакс, бидејќи беше тренер на еден од тимовите во минатогодишниот Натпревар на ѕвездите..

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, ќе ја предводи селекцијата на капитенот Леброн Џејмс.

Коронавирус