петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Филаделфија постави нов рекорд

Филаделфија постави нов рекорд

Кошаркарите на Филаделфија продолжија со фантастична серија на победи. Тие ноќта меѓу вторник и среда во „Филипс Арена“ стигнаа до 15. последователен триумф поставувајќи нов рекорд на франшизата.

Третопласираниот тим во Источната конференција од НБА лигата беше подобар од домаќинот Атланта Хоукс со резултат 121:113.

Најзаслужен за победата на 76-ерс беше Џеј Џеј Редик со 28 поени, пет асистенции и четири скока.

Во поразениот тим се истакна Тајрон Принс со 27 поени, шест асистенции и четири скока.