понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 8
home Кошарка

Филаделфија победи по продолжение, Ембид со нова одлична партија

Филаделфија победи по продолжение, Ембид со нова одлична партија

Тимот на Филаделфија 76 го победи Шарлот Хорнетс со 133:132 дома по продолжение во натпревар од регуларната сезона на НБА.

Во „Велс Фарго Центар“ двата тима одиграа интересен дуел, откако гостите успеаја да стопат предност од 21 поени на противникот, но на крајот загубија по продолжението со еден кош.

Над сите за победниците беше Џоел Ембид кој имаше неверојатна партија со 42 поени, 18 скока, 4 блока и 4 асистенции, а Бен Симонс додаде 22 поени, 13 асистенции, 8 скока и 2 украдени топки.

Силна поддршка од клупата даде Џеј Џеј Редик, кој постигна 17 поени.

За Шарлот на вообичаеното високо ниво беше Кемба Вокер, кој го заврши дуелот со 30 поени, 9 асистенции и 7 скока, а Мајкл Кид-Гилкрејст реализира „дабл-дабл“ – 12 поени и 12 скока.

По овој успех Филаделфија се искачи до третото место во Западната конференција со биланс од 8 победи и 5 порази, додека Шарлот ја зазема седмата позиција со 6 успеси и исто толку порази.

Резултатите од дуелите во НБА:

Орландо – Вашингтон 117:108

Филаделфија – Шарлот 133:132 по продолжение

Атланта – Детроит 109:124

Мајами – Индијана 102:110

Денвер – Бруклин 110:112

Јута – Бостон – 123:115

Сакраменто – Минесота 121: 110

Пласман:

Источна конференција:

Атлантската дивизија: Торонто 11 победи / 1 пораз, Филаделфија 8/5, Бостон 7/5

Централна дивизија: Милвоки 9/2, Индијана 8/5, Детроит 6/5

Југоисточна дивизија: Шарлот 6/6, Мајами 5/6, Орландо 5/7

Западната конференција:

Северозападната дивизија: Денвер 9/3, Портланд 9/3, Оклахома 7/4

Пацифик дивизија: Голден Стејт 10/2, Сакраменто 7/5, Лос Анџелес Клиперс 6/5

Југозападна дивизија: Мемфис 6/4, Сан Антонио 6/4, Њу Орлеанс 5/6.

Коронавирус