недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Филаделфија го совлада Вашингтон за прва победа во плеј-офот

Филаделфија го совлада Вашингтон за прва победа во плеј-офот

Екипата на Филаделфија славеше над Вашингтон Визардс со 125-118 и обезбеди предност од 1-0 во серијата од плеј-офот во НБА-лигата.

Главната разлика која ја донесе победата се направи пред крајот на третиот и почетокот на последната четвртина, кога беа обезбедни 11 поени разлика (108-97).

Одличен натпревар за Филаделфија имаше Тоби Харис со 37 поени, шест скока и две асистенции, а поддршка му беше Џоел Ембид кој заврши со 30 поени, шест скока и три асистенции. Кај Вашингтон, првата ѕвезда Бредли Бил имаше „дабл-дабл“ од 33 поени и 10 скока, а зад него беше Расел Вестбрук со 16 поени и 15 асистенции. Следниот натпревар од серијата се игра повторно на теренот на Филаделфија, на 27 мај.

Коронавирус