среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 37
home Кошарка

ФИБА ги одреди термините за Евробаскетот 2022 година

ФИБА ги одреди термините за Евробаскетот 2022 година

Европската кошаркарска федерација (ФИБА) го одреди распоредот на натпревари за групната фаза на Европското првенство 2022 година. Турнирот кој ќе се одржи во Чешка, Грузија, Германија и Италија ќе стартува на први септември.

Со пладневен натпревар, од 12:30 часот во Тбилиси, завесата ќе ја крене пресметката меѓу Шпанија и Бугарија, додека еден час подоцна ќе играат Босна и Херцеговина со Унгарија во Келн.

На отворањето во групата А ќе играат уште Русија со Турција и Белгија со Грузија, додека во групата Б во Германија ќе се сретнат Словенија со Литванија и домаќинот со Франција

Следниот ден ќе стартуваат возбудувањата во групите Ц и Д во Милано и Прага. Групната фаза ќе трае до осми септември, по што плеј-офот се сели во Берлин. Осминафиналните пресметки се закажани за десетти, четвртфиналињата и полуфиналињата се по три дена подоцна, додека големото финале ќе се одигра на 18 септември.

Коронавирус