понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

ФИБА ги објави датумите за Мундобаскетот во 2023 година

ФИБА ги објави датумите за Мундобаскетот во 2023 година

Светското првенство во кошарка ќе се одржи од 25 август до 10 септември 2023 година, информирше Светската кошаркарска федерација.

Централниот совет на ФИБА се одлучи за времето на турнирот по консултација со земјите домаќини на Мундобаскет 2023.

Во групната фаза домаќини ќе бидат Индонезија, Јапонија и Филипини. Финалната фаза ќе се одржи во главниот град на Филипини, Манила.

На СП ќе учествуваат 32 репрезентации. Мундијалот во 2023 година ќе биде првиот што ќе се одржи во повеќе земји.

Квалификациите за пласман на СП ќе се играат од ноември 2021 до февруари 2023 година, a за 32 места ќе се борат 80 репрезентации.

Коронавирус