петок, 23. јули 2021. Вести денес: 178
home Кошарка

Феникс Санс останаа без најдобриот кошаркар

Феникс Санс останаа без најдобриот кошаркар

Само неколку дена откако НБА тимот на Феникс со чисти 4:0 го победи Деневр нагетс, нивниот најдобар играч Крис Пол влезе во „Корона протокол“ што значи дека е позитвен на Ковид-19 или бил во контакт со личност која е позитивна.

Засега не е познато коклку време Пол ќе мора да биде во карантин, а бекот игра фантастично во плеј-офот каде просечно постигнува по 15.7 поени, 8.7 асистенции и 4.1 скок по натпревар и е најзаслужен за големиот успех на „сонцата“.

КриФеникс во финалето на Западната конференција го чека подобриот од дуелот ЛА Клиперс – Јута џез чија серија е израмнета 2:2.

Коронавирус