петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Кошарка

Фајнл-фор турнирот во кошаркаската Евролига ќе се игра пред навивачи

Фајнл-фор турнирот во кошаркаската Евролига ќе се игра пред навивачи

Првиот човек на кошаркарската Евролига,Жорди Бартомеу изјави дека се надева дека ограничен број на гледачи ќе може да присуствуваат на завршниот турнир на оваа натпреварување кое ќе се одржи кон крајот на мај месец во Келн.

– Веруваме дека одреден број на гледачи ќе може да присуствуваат во салата. Се обидуваме да откриеме како да го надоместиме тоа што ова ќе биде сосема поинаков фајнал фор во споредба со претходните 16,17. Наредните неколку недели ќе се обидеме да пронајдеме начон како да го организираме овој фајнал фор и да им го приближиме на навивачите – изјави Бартомеу.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одржи од 28. до 30. мај во Келн, Германија.

Коронавирус