понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 145
home Кошарка

Ф4 во кошаркарската Евролига ќе се игра пред публика

Ф4 во кошаркарската Евролига ќе се игра пред публика

„Ланксес Арена“ во Келн ќе биде домаќин на завршниот турнир во најсилното европско натпреварување – Евролигата

Според информацијата од Евролигата натпреварите ќе се одиграат пред публика и бројката на посетители да биде од 0 до 25%.

„Одлучивме да не почнеме со продажбата на влезните билети се додека немаме гаранции за бројот на посетители кои може да влезат во Арената. Не сакаме да креираме лажни ветувања во таа насока, и да донесеме разочарување кај фановите. Ако постојат услови натпреварите да се играат со присуство на одреден број на навивачи, ние ќе го реализираме тоа.Ако сме рални, во овој момент ситуација не дозволува да имаме 100% или 50% од капацитетот, а некое развојно сценарио вели дека можеби може да се дојде до бројката од 25%, иако ние мора да бидеме подготовени и за сценарио 0%. Со актуелните рестрикции, односно ако евентуално завршниот турнир би се играл во текот на наредната седмица, тоа сценарио е доста реално“, изјави првиот оперативец за организација на настани во кошаркарската Евролига, Росер Кералто.

Минатата сезона не заврши, а последниот европски шампион за сезоната 208/19 е руската екипа ЦСКА Москва.

Коронавирус