понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Евролигата ќе остане без главниот спонзор по 10 години

Евролигата ќе остане без главниот спонзор по 10 години

Неколку медиуми објавија дека „Туркиш Ерлајнс“ повеќе нема да биде главен спонзор на кошаркарската Евролига. Тие го известиле раководството дека компанијата нема да ја продолжи соработката, која траеше 10 години.

Како една од главните причини се споменува пандемијата на коронавирусот, која финансиски влијаела на работењето на компанијата бидејќи многу летови беа откажани.

Сепак, првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу подготвил „план Б“ и тоа од Русија. Нафтениот гигант „Гаспром“ би требало да стане главен спонзор на натпреварувањето, нешто за што се шпекулираше и во претходниот период.

Коронавирус