понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Евролигата ќе мора да одложи меч поради коронавирусот!?

Евролигата ќе мора да одложи меч поради коронавирусот!?

Вонредната ситуација со коронавирусот имаше ефект и на спортот, па минатиот викенд беа одложени неколку натпревари од италијанската Серија А, а сега проблеми ќе има и Евролигата.

Според информациите од Литванија, постои можност да биде одложен дуелот меѓу Жалгирис Каунас и Олимпија Милано.

Новинарот Донатас Урбонас тврди дека министерот за здравство ја покажал својата загриженост поради претстојното гостување на екипата од Милано, со оглед на тоа дека коронавирусот е регистриран во Италија.

Комисијата за вонредни ситуации ќе ја донесе одлуката дали мечот ќе се одигра во петок или ќе биде одложен.

Коронавирус