недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролигата ќе избира тим на декадата, 50 кошаркари во конкуренција

Евролигата ќе избира тим на декадата, 50 кошаркари во конкуренција

Најдоброто кошаркарско натпреварување на стариот континент, Евролигата, ги откри номинираните играчи за тимот на последната декада.

Фановите, медиумите, кошаркарите и тренерите ќе имаат можност да го состават тимот кој ги одбележа последните десет години. Ги има 50 на број, а истите ќе бидат претставени на јавноста од понеделник до петок во период од десет недели.

На листата има имиња како Милош Теодосиќ, Лука Дончиќ, Андреј Кириленко, Хуан Карлос Наваро, Нандо Де Коло, Фелипе Рејес…

На крајот ќе бидат избрани десет играчи кои ќе бидат дел од најдобрата петорка и резервната екипа од 2010 до 2020 година.

Коронавирус