сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 61
home Кошарка

Евролигата ја доби најдобрата „петорка“ за оваа сезона

Евролигата ја доби најдобрата „петорка“ за оваа сезона

Заврши гласањето во Евролигата и со тоа е прогласена најдобрата „петорка“ во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.

Најдобрата кошаркарска лига на стариот континент годинава за најдобри ги прогласи Мајк Џејмс (Монако), Никола Миротиќ (Барселона), Шејн Ларкин (Анадолу Ефес), Валтер Таварес (Реал Мадрид) и Саша Везенков (Олимпијакос).

Изненадува што нема место за Василије Мициќ од Ефес, меѓутоа други имиња добија предност пред него, тука се мисли на неговиот клупски колега Ларкин.

Ф4-турнирот во Белград се игра оваа седмица, а на него се Анадолу Ефес кој ќе игра против Олимпијакос, како и Барселона која ќе се соочи со шпанскиот ривал Реал Мадрид.

Коронавирус