недела, 27. септември 2020. Вести денес: 29
home Кошарка

Евролига има луда идеја: Еден град, две сали, 78 средби во пет недели и оп – првак!

Евролига има луда идеја: Еден град, две сали, 78 средби во пет недели и оп – првак!

Новинарите на еден од најдобро информираните кошаркарски портали во Европа, италијански Спортандо, денеска преку Твитер објавија дека една од идеите на довршување буквално се граничи со лудоста бидејќи предвидува сценарио какво што ниту најфанатичните фанови не би можеле да го претпостават.

Според Емилијано Карчиа, оваа опција за финиширањето на сезоната, која во моментов е стопирана поради глобалната пандемија со коронавирусот, предвидува одигррување на сите преостанати 78 средби во еден град со две адекватно големи сали и тоа во период од пет недели. Натпреварувањето би морало да заврши со средината на јули, што претпоставува доигрување на преостанатите шест мечеви од регуларниот дел заедно со плејофот и фајналфор-турнирот.

Кошаркарите, тренерите и останатиот дел од стручните штабови по враќањето во клубовите прво би имале две недели за задолжителна изолација, а потоа и уште две недели за подготовки односно за претсезона. Шпанскиот весник, пак, „Ел Паис“ пишува дека во моментов најсериозни кандидати за домаќини на една ваква луда завршниц ана Евролигата се Истанбул, Москва и Атина.

Коронавирус