вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 162
home Кошарка

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе мора да обезбеди сала со 5.000 места и буџет од четири милиони евра.

– Будуќност ќе има статус како и сите други клубови кои имаат право на настап. Евролигата наскоро ќе контактира со актуелниот шампион на АБА лигата и ќе ги побара сите потребни документи за оценување на исполнувањето на обврските кон натпреварувањето, соопштија од Евролигата.

Претседателот на црногорската екипа Драган Бокан, најави дека наскоро ќе го посети седиштето на Евролигата и рече дека ќе стори се за клубот од следната сезона биде дел од најсилното континентално натпреварување.

(Миа)

Коронавирус