вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

„ЕСПН“ избра: Антетокумпо е најдобар кошаркар во НБА-лигата

„ЕСПН“ избра: Антетокумпо е најдобар кошаркар во НБА-лигата

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо е прогласен за најдобар кошаркар во НБА-лигата, откако се најде на првото место на листата на американскиот медиум „ЕСПН“.

„ЕСПН“ деветта година по ред направи листа на топ-100 кошаркари во најсилната лига во светот, а на првото место е Антетокумпо, кој минатата сезона беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.

На второ место беше Каваи Ленар, најдобриот кошаркар во финалната серија минатата сезона, а уште претходно беше објавено дека во топ-10 се Леброн Џејмс, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Стеф Кари, Никола Јокиќ, Џоел Ембид, Дамиен Лилард и Пол Џорџ.