петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 157
home Кошарка

Ембид и Таунс влегоа во клинч: Двајцата беа исклучени поради тепачка (ВИДЕО)

Ембид и Таунс влегоа во клинч: Двајцата беа исклучени поради тепачка (ВИДЕО)

Жоел Ембид од Филаделфија и Карл-Ентони Таунс од Минесота се степаа за време на нивниот меѓусебен натпревар во НБА-лигата.

Инцидентот се случи во третата четвртина, а очекувано двајцата кошаркари веднаш заработија исклучувачки лични грешки.

Двајцата имаат историја на меѓусебна нетрпеливост, која утринава експлодираше за време на натпреварот. Кошкањето продолжи и на социјалните мрежи.

„Одлична тимска победа!!! Јас сум пораснат со лавови, а една мачка ми се спротивстави денеска“, нашиша Камерунецот Ембид.

„Јас не сум ку*ка“, одговори Таунс со неколку фотографии од тепачката.