петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Кошарка

Ембид и Симонс исклучени од Ол-стар мечот на НБА лигата

Ембид и Симонс исклучени од Ол-стар мечот на НБА лигата

Кошаркарите на Филаделфија, Џоел Ембиид и Бен Симонс се исклучени од Ол-стар натпреварот во Атланта поради контакт со позитивно лице на коронавирус, објави официјално НБА-лигата.

Ембид и Симонс посетија фризерка позитивна на коронавирус пред да отпатуваат во Атланта. Двајцата играчи пристигнаа во Атланта, но тие не беа во контакт со другите sвезди. НБА не планира да замени ниту еден играч во списокот за мечот.

Ембид требаше да игра во почетната петорка на Тимот Дурент, додека Симонс беше  како резерва во тимот на Леброн.

Ол-стар дуелот ќе има хуманитарен карактер, така што тимот на Џејмс ќе игра за Thurgood Marshall College фондот, а Дурант за United Negro College фондот, кој помага во образованието на афро-американските деца

Вкупно ќе бидат собрани 1,75 милиони долари. Првично, секој фонд ќе добие 500.000, а потоа 150.000 ќе бидат донирани на фондот чиј тим победи во секоја од првите три четвртини.

Коронавирус