понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Џордан во документарецот дозволи да има сè, ама само едно нешто – не

Џордан во документарецот дозволи да има сè, ама само едно нешто – не

Документарниот филм „Последниот танц“ кој е за кошаркарската легенда Мајкл Џордан изобилува со детали околу неговата последна шампионска сезона во Чикаго Булс и е вистински хит во светот.

Љубителите на кошарката со големо внимание ја гледаат секоја епизода. Американските медиуми откриваат еден интересен детал, кој се работи за Џордан. Некогашниот кошаркар немал ништо против во документарецот да има се, само една работа – не.

Џордан не сакал да се снимаат инсерти во неговата куќа. Документарецот е сниман во три различни куќи, а ниту една не е во сопственост на легендата. Причината е што не сакал да открие пред јавноста како изгледа неговиот дом.

Многумина инсистирале да се снимаат инсерти и во домот на Џордан, но некогашниот кошаркар сакал да ја задржи приватноста.

Коронавирус