вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Џордан пред Леброн, Коби го нема меѓу ТОП 10 – список со најдобрите 50 во историјата!

Џордан пред Леброн, Коби го нема меѓу ТОП 10 – список со најдобрите 50 во историјата!

Познатиот американски портал „Бличер рипорт“ направи список со најдобрите 50 кошаркари во историјата на НБА лигата и привлече големо внимание кон себе.

Авторите на овој напис ги рангираа играчите врз основа на нивните достигнувања, но и врз основа на некои напредни статистики, кои сè повеќе земаат замав во кошарка.

Како имиња кои за многумина заслужуваат да бидат во овој список од најдобрите 50 во историјата, изоставени се Владе Дивац, Кармело Ентони, Ален Ајверсон, Винс Картер и многу други.

Рангирани се и поранешни и сегашни кошаркари, а вака изгледа најдобрата 10-ка:

10. Стеф Кари
9. Вилт Чембрлен
8. Бил Расел
7. Тим Данкан
6. Шекил О’Нил
5. Лери Бирд
4. Меџик Џонсон
3. Карим Абдул-Џабар
2. Леброн Џејмс
1. Мајкл Џордан

Интересно е тоа што легендата на Лејкерси Коби Брајант не е во првите десет, туку е на 14. место, а пред него се Хаким Олајџувон, Дејвид Робинсон и Оскар Робертсон.

Покрај Кари и Џејмс, активни играчи на списокот се: Кевин Дурент (15), Џејмс Харден (27), Крис Пол (28), Расел Вестбрук (36), Каваи Ленард (42) и Пау Гасол (46).