недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Џордан одбил 100 милиони долари за два часа “работа“, оваа понуда не му се допаднала

Џордан одбил 100 милиони долари за два часа “работа“, оваа понуда не му се допаднала

Мајкл Џордан од 2003 година е во кошаркарска пензија, но и покрај тоа што минаа доста години, неговото име постојано се споменува особено во изминативе седмици кога актуелен е документарецот „Последниот танц“.

Во овој период додека се емитува оваа мини серија, се раскажуваат многу приказни, анегдоти поврзани со Џордан, Чикаго Булс, а една таква интересна соопшти агентот на Ем-Џеј, Дејвид Фалк.

Фалк откри дека легендарниот ас пред три години имал можност да заработи 100 милиони долари за само двочасовен ангажман, но Џордан таа понуда веднаш ја одбил.

-Пред три години дојдов кај Мајкл со понуда за спонзорство од 100 милиони долари. Сè што требаше да стори беше да се појави на настанот два часа за камерите да го снимаат. Тој одби. Бог да го благослови. Тој е толку успешен што може да избере што сака, a што не. Јас навистина му се восхитувам. Тој е многу селективен во работите во кои сака да биде вклучен, истакна Фалк.

Според последните податоци, богатството на Мајкл Џордан се проценува на околу 2,1 милијарди американски долари.

Коронавирус