вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

Џејмс: Задоволен сум, но серијата не е завршена

Џејмс: Задоволен сум, но серијата не е завршена

Кливленд кавалирс остварија нова победа и имаат водство од 2:0 во полуфиналната серија против Торонто рапторс. Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, изјави дека е задоволен од играта, но дека следат најмалку уште два натпревари од серијата.

– Мораме да продолжиме да се подобруваме, сега тимот е поинаков од почетокот на сезоната, истакна Џејмс.

Тој потенцира дека Торонто се квалитетен и сериозен противник, но дека клучот за успехот на Кливленд е во добрата атмосфера во тимот.

– Не е до противникот туку до состојбата на нашиот ум. Мораме да го проучуваме противникот и да анализираме што тие работат. Торонто е добар тим, но ние мора да продолжиме да играме како и досега. Нема да го спуштиме гардот и ќе се подготвиме за следните натпревари, мора да оствариме четири победи за да ја завршиме серијата, потенцира кошаркарот.

На вториот натпревар од серијата Кливленд го совлада Торонто со убедливи 128:110, а Леброн Џејмс постигна 43 поени.

МИА