среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 131
home Кошарка

Џејмс: Тоа е една од најлошите работи што ги имам направено во кариерата (ВИДЕО)

Џејмс: Тоа е една од најлошите работи што ги имам направено во кариерата (ВИДЕО)

Леброн Џејмс утринава беше еден од најзабележителните во редовите на Лејкерс во победата на гостински терен кај Јута. Сепак, еден друг момент го одбележа натпреварот.

Ѕвездата на тимот од Лос Анџелес направи чекори, а судиите не досудија ништо. Иако беше очигледно дека Џејмс со топката во рака си шета по теренот, а реагираа и кошаркарите на Јута, како и цела публика, судиите останаа неми.

Џејмс по натпреварот го искоментира својот потег.

„Веројатно тоа беше една од најлошите работи што некогаш ги имам направено во кариерата. Ја гледав нашата поставеност, Кентавиус-Калдвел Поуп и Донован Мичел беа во дуел. КЦП почна да трча и Донован се удри во него и падна на земја. Јас мислев дека сум подготвен да ја додадам топката и мојот мозок некако доживеа грешка. Навистина имав грешка во мозокот“, рече Џејмс за чекорите.