вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 116
home Кошарка

Џејмс и Бол трипл-дабл тандем како Меџик и Џабар (ВИДЕО)

Џејмс и Бол трипл-дабл тандем како Меџик и Џабар (ВИДЕО)

Леброн Џејмс забележа трипл-дабл со 24 поени, 12 скокови и 11 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс со 128:100 на гости кај Шарлот Хорнетс. За ѕвездата на „езерџиите“ ова беше продолжување на неговата лична доминација над Шарлот.

Џејмс има рекорд од 47 победи и 6 порази против овој противник за време на 16-годишна кариера во НБА, каде досега го носеше дресот на Лејкерс, Кливленд и Мајами.

Плејмејкерот на Лејкерси, Лонзо Бол, исто така постигна „трипл-дабл“ за Лос Анџелес со 16 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Резултати од НБА:

Шарлот – Лос Анџелес Лејкерс 100:128
Сан Антонио – Чикаго 93:98
Орландо – Јута 96:89
Детроит – Бостон 113: 104
Менфис – Хјустон 97: 105
Оклахома – Лос Анџелес Клиперс 110: 104
Феникс – Минесота 107: 99

Коронавирус