петок, 25. септември 2020. Вести денес: 14
home Кошарка

Џејмс Харден го надмина Брајант по постигнати тројки во плејофот

Џејмс Харден го надмина Брајант по постигнати тројки во плејофот

Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, го престигна легендарниот играч на ЛА лејкерс, Коби Брајант, на вечната листа „тројкаши“ во плејофот од НБА лигата.

Харден синоќа во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот против Оклахома (114:117) постигна шест тројки од 15 обиди.

„Брадата“ се искачи на 8. место со 293 прецизни удари за три поени, Коби во неговата кариера постигнал 292.

Убедлив лидер е Стеф Кари со 47о тројки пред Реј Ален со 385 и Леброн Џејмс со 375.

Коронавирус