вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Кошарка

Џејмс Харден е МВП на сезоната

Џејмс Харден е МВП на сезоната

Кошаркарот на Хјустон рокитс, Џејмс Харден, првпат во неговата кариера е избран за најкорисен играч во регуларниот дел од изминатата сезона на НБА лигата.

Тој во конкуренција за МВП играч на сезоната ги победи Леброн Џејмс од Кливленд и кошаркарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис.

Харден сезоната ја заврши со просек од 29,5 поени по натпревар, и 5,3 скокови и 7,7 асистенции.

– Минатите четири години, постојано сум блиску до оваа награда и еве сега конечно сум тука. Ова многу ми значи, се обидувам секоја година да бидам подобар и подобар. Нема да застанам тука, пред мене е долг пат, изјави Харден на доделувањето на НБА наградите.

За најдобар дебитант е прогласен Бен Симонс од Филаделфија, а за најдобар шести играч е избран Лу Вилијамс од ЛА Клиперс.

Двејн Кејси е прогласен за тренер на сезоната, кој и покрај историскиот резултат на Торонто рапторс, освојувајќи го првото место на Источната конференција, сепак доби отказ по поразот во полуфиналето од плеј-офот од Кливленд.

Виктор Оладипо од Индијана е кошаркар со најголем напредок во лигата оваа сезона, a Руди Гобер беше прогласен за најдобар дефанзивец.